Месната заедница на село Мојанци, со поддршка на Општина Кочани, деновиве активно работеше на реконструкции неколку локации во с. Мојанци и расчистување и уредување на околината на селото.

Меѓу останатите активности, започнати се реконструкции на детскиот парк и поставување стативи на отвореното спортско игралиште.

Во периодот којшто следува се предвидува уредување на зелена тротоарска површина од Горни Подлог до Мојанци.