Од 13 до 19 ноември во просториите на Библиотеката „Искра“ во Кочани се одржува Десеттиот саем на книгата во Кочани
Во присуство на љубителите на пишаниот збор, Саемот го отвори секретарот на Општина Кочани, Петар Апостолов.
– Сметам дека ова е едно од најважните културни случувања во општината со кое ја потсетуваме јавноста на важноста, на значењето на книгата, а со тоа и на потребата од доживотно читање, учење и надградување на секоја личност.
Саемот на книгата е можност да ги имаме на дофат најновите примероци од издаваштвото, од сите жанрови – за сите вкусови – по пристапни цени. Интересот на граѓаните низ сите овие години, потврдува дека правиме вистински потег – овоможувајќи им да бидат со книгите – пријателите кои секогаш умеат духовно да нè исполнат, рече Апостолов.
Директорката на „Искра“, Сузана Горгиева соопшти дека годинава на Саемот се претствуваат 14 издавачки куќи, а јавноста може да види околу илјада наслови од различни жанрови.
Саемот ќе биде отворен до четврток, 19 ноември, а љубителите на книгата ќе можат да го посетат во периодот од 10 до 18.30 ч.