Денеска, во салата на Општина Кочани, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата одржа конститутивна седница, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.
Советот којшто брои 13 членови, ќе има задача да ја подобри состојбата и безбедноста во сообраќајот во Кочани. Конкретните активности на ОСБСП ќе бидат насочени кон унапредување на сообраќајната култура и едукација и спроведување мерки со кои ќе се влијае кај сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи.
Паралелно ќе се дејствува и на планот на подобрување на сообраќајната инфраструктура, режим на сообраќај и координирани активности на сите надлежни локални институции.