Во ЈОУ Детска градинка „Павлина Велјанова“ – Кочани деновиве се реализираа  мониторинг-средби на тема ,,Градење на капацитетите на негувателите во предучилишните установи“.

Мониторинг-средбите имаа за цел да го поттикнат и да го мотивираат кадарот за спроведување стратегии и знаења за организирање стимулативна средина за учење, на начин што ќе овозможи позитивни социо-емоционални резултати кај децата и кај нивните семејства.

На средбите учествуваа директори, воспитувачи, негуватели, членови на професионалната заедница за учење во детските градинки од општините Чешиново-Облешево, Пехчево, Зрновци и Карбинци.

Дисеминацијата ја водеа: мониторинг мастер-воспитувач Јованка Ефтимова, Соња Стоилова, Лилјана Паунова, Даниела Наунова и Снежана Алексова.