Во рамките на посетата беше потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Кочани и Општина Јесенице, со кој се воспоставува рамка за институционална соработка во области од заеднички интерес. Документот предвидува развој на партнерски односи преку размена на искуства и добри практики, подготовка и реализација на заеднички проекти, како и соработка во областа на локалната самоуправа, образованието, културата, спортот, туризмот и економскиот развој.
На средбата беше изразена заедничка подготвеност за натамошно унапредување на меѓуопштинската соработка и интензивирање на комуникацијата меѓу двете локални самоуправи, со цел создавање услови за реализација на конкретни иницијативи и активности од заемен интерес.
Во разговорите беше истакнато значењето на македонската заедница во Јесенице, која со децении претставува важен фактор во негувањето на македонскиот јазик, култура и традиција, како и во јакнењето на врските меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија.
Во рамките на посетата, градоначалникот Грозданов присуствуваше и на традиционалната културно-уметничка манифестација во организација на Македонското здружение „Илинден 1903“ што се одржа во рамките на манифестацијата „Културно лето 2026“ во Јесенице. На настанот, кој обедини повеќе од 2.000 посетители од Јесенице и околината, со свој настап се претстави и Фолклорниот ансамбл „Руен“ од Кочани, давајќи придонес во промоцијата на македонската култура и традиција.























