По повод Петровден – празникот на Кочани, Општина Кочани распиша оглас за организирање Петровденски хепенинг, настан што ќе се одржи во Паркот на Револуцијата (Градскиот парк) во периодот од 7 до 14 јули.

Комисијата за организирање на овој настан ги повикува заинтересираните правни субјекти регистрирани во Централен регистар, да учествуваат на јавното наддавање што ќе се спроведе на 3 јули 2023 година, во 12 часот во просториите на Општина Кочани. Учесниците на јавното наддавање треба да уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 5 000 ден., со праг на наддавање од минимум 1 000 ден.

За успешно јавно наддавање потребно е да учествуваат минимум двајца учесници.

Општина Кочани ќе склучи договор со најповолниот понудувач, во кој подетално ќе бидат дефинирани правата и обврските на двете договорни страни.

Обврска на закупецот ќе биде да обезбеди минимум осум монтажно-демонтажни објекти и штандови изработени од дрво или плексиглас, за продажба на: храна и пијалаци, сувенири, ракотворби и сл. Исто така, обврска на закупецот е да ги издава монтажно-демонтажните објекти и продажните штандови согласно законските прописи и да организира културно-забавни настани.