Со натпреварот меѓу екипите на „Шери казино“ и „Магни фициент“ што се одигра на теренот на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ започна овогодишното издание на Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Турнирот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој во обраќањето пред учесниците и публиката ја истакна важноста на спортското активирање и негувањето на спортскиот дух кај граѓаните на Кочани. Повика натпреварите да се одиграат во пријателска и фер атмосфера и да победи најдобриот.

Првиот натпревар заврши со убедлива победа на „Шери казино“ против „Магни фициент“ со резултат 10 : 0.

На 29 јуни, со почеток од 19 ч. ќе играат екипите на „Џинџер бар“ и „Рели“, а во 20 ч. – „Але-дар“ и „Ефремови“. Доколку временските услови се неповолни, натпреварите ќе се играат во спортската сала „Никола Карев“.

Петровденскиот турнир во мал фудбал е дел од содржините со кои Општина Кочани го одбележува празникот на Кочани, Петровден. Турнирот е во организација на ОФС – Кочани.