Исплатени се субвенциите за велосипед на осумдесет и три лица, жители на Кочани, кои се пријавија на јавниот повик на Општина Кочани и се определија да користат велосипед како рекреативно или превозно средство.
Комисијата утврди дека сите баратели ги исполниле условите за субвенција, со што на секого е надоместен износ во висина од 3 илјади денари. Постапката што ја водеа општинските служби при утврдувањето на исполнетоста на условите, заврши со увид на купените велосипеди за кои граѓаните побараа субвенционирање. Субвенции за велосипед добија 50 мажи и 33 жени.
Целта на оваа мерка од општинската Програма за заштита на животната средина е да ги стимулира жителите на Кочани да користат велосипед како превозно средство, што ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот.