ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани и Општина Кочани Ве покануваат на Новогодишен концерт, којшто секоја година традиционално се организира. И покрај ситуацијата со Ковид-19 пандемијата, учениците од ООМУ „Ристо Јуруков“ Кочани изнајдоа решение како нивната песна да допре до сите нас.
Новогодишниот концерт ќе се одржи на 28.12.2021 година, со почеток во 18 часот, меѓутоа без публика во сала, но во живо на нивната фејсбук страна.

Следете ги и уживајте во нивните изведби.