Почитувани учесници во сообраќајот,

Ве известуваме дека во периодот од 23.12.2021 – 30.12.2021 година ќе се изведуваат земјено-градежни работи и асфалтирање на кружниот тек кај „Национал“ – Кочани. Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот. Намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост, по можност користење на други сообраќајници.