Шест млади припадници на ромската заедница во Кочани станаа медијатори меѓу јавните институции и ромската заедница во општината.
– Медијацијата, односно посредувањето е една од мерките што се користи низ цела Европа за да се справи со нееднаквоста со која се соочуваат Ромите во однос на пристапот до вработување, здравствени услуги и образование. Улогата на медијаторите е да воспостават однос на доверба и оторена комуникација со претставниците на двете страни, да ги олеснат комуникацијата и односите помеѓу ромската заедница и јавните институции, објасни Шенџабил Рамаданов, медијатор во ромската заедница.
– Ние во овој период од шест месеци имаме задача да ги следиме проблемите и да дадеме насоки како да ги решиме. Се надеваме дека ќе успееме во тоа и по шест месеци ќе поднесеме пријави за добивање пари од ИПАРД фондовите на ЕУ за проекти со кои ќе се решат одредени проблеми на ромската заедница кај нас, изјави Јалчн Неџипов, медијатор во ромската заедница.
Кочанските медијатори беа обучувани во програмата „Ромед“ што произлезе од декларацијата усвоена во 2010 година во Стразбур, поддржана од Советот на Европа. Обуката траеше шест месеци по што во наредната половина година тие ќе работат како волонтери со институциите и со заедницата. Потоа ќе следува уште една обука со која ќе добијат сертификат за медијатори од Советот на Европа.