Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ доби возило-дигалка, „ивеко“ – донација од словенечката фирма „Вигред“ ДОО Љубљана.

Дигалката чија вредност е проценета на триесетина илијади евра, од денеска е ставена во употреба.

Според директорот на „Водовод“, Љупчо Папазов, возилото ќе ги подобри техничките капацитети на службите што работат на непристапни локации, ќе служи за средување на високата вегетација, а ќе биде од помош и на противпожарните служби.

Градоначалникот Ратко Димитровски истакна дека се ретки општините што имаат ваква механизација. Словенечката фирма „Вигред“ дигалката ја донираше со посредство на Игор Велов од Словенија, кој е со кочанско потекло.