Поради градежни работи, од 2 до 4 септември 2021 г. ќе биде затворен за сообраќај десниот коловоз од булеварот „Тодосија Паунов“ во правец Кочани – Оризари, на потегот од кружниот тек кај Полициската станица до кружниот тек кај ЈП Национални шуми – Кочани.

Собраќајот и во двата правца ќе се одвива по левиот коловоз од булеварот „Тодосија Паунов“.

Се повикуваат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат измените на сообраќајниот режим и поставената сообраќајна сигнализација. Возачите да бидат стрпливи, со зголемено внимание кон пешаците и паркирање на возилата.