Во период од 12 до 14 Септември 2022 година ќе се одржи првиот меѓународен ФИС-Ролер ски натпревар на Пониква како дисциплина во нордиското скијање, со поддршка на Скијачката Федерација на Македонија.

Учествуваат натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција, Бугарија и Босна и Херцеговина.

Локалитетот Пониква е избран бидејќи ги поседува сите природни реткости и капацитети за развој на скијањето и спортскиот туризам.