Почитувани учесници во сообраќајот,

Во тек е периодичното одржување на јавните патишта и улици. Општина Кочани парцијално поставува нова и ја менува дотрајаната вертикална сигнализација. Со подобрување на временските услови денес започнува бележењето на хоринзонталната сигнализација. За непречено и брзо завршување на работите кои се од општ јавен интерес и за зголемување на безбедноста во сообраќајот потребно е почитување на сообраќајната сигнализација, намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост.