Викендов, 25.12.2021 година, Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ – Оризари во Домот на културата во Оризари, традиционално по 20-ти пат го одржа Новогодишниот концерт.
Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ опстојува, работи и го негува изворниот фолклор во населбата Оризари повеќе од 45 години. Во составот на ансамблот членуваат над 130 членови поделени во играорни групи во Оризари и Зрновци. Во моментов во играорната група во Оризари членуваат околу 80 членови поделени во три групи: мала, среда и голема група. Во составот на Ансамблот има и оркестар на изворни народни инструменти. На Новогодишниот концерт настапија сите играорни групи, заедно со оркестарот.
На концертот присутни беа градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и Претседателот на Советот на општината, Лазо Митев.
Со одржаниот 20-ти Новогодишен концерт, ансамблот одбележа уште една успешна година од постоењето, со околу 30-тина настапи во Македонија и странство.