Во саботата во спортската сала на ООУ „Никола Карев“ – Кочани беше одржан хуманитарниот турнир во мал фудбал, чии собрани средства се наменети за нашата сограѓанка Славица Димитрова, која боледува од генетско заболување на очите. Победата на хуманитарниот турнир во мал фудбал ја однесоа Пионерите на ГФК „Осогово“.

Општина Кочани се приклучи во организацијата на настанот, а градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ја поздрави хуманоста на гостите, екипите и организаторите, истакнувајќи ја поддршката на општината во сите хуманитарни организации.

Во хуманитарниот турнир во мал фудбал настапија четири екипи во пионерска конкуренција: ГФК „Осогово“, „Слога 1934“ – Виница, ФК „Младост-Тошев“ – Оризари и ФК „Академија“ – Чешиново–Облешево.