Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 , 51/11123/12 и 93/13 ), Градоначалникот на Општина Кочани, на ден 24.01.2014 година, донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ Изменување и дополнување на блок 5 од Детален урбанистички план за град Кочани , дел од УЕ 10 , зона лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани кој се носи согласно законот за просторно и урбанистичко планирање не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Кочани www. Kocani.gov.mk.
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Изменување и дополнување на блок 5 од Детален урбанистички план за град Кочани , дел од УЕ 10 , зона лесна индустрија и мало стопанство Општина Кочани нема да има влијание врз животната средина од следните причини: се работи за измена на план на веќе постоечки блок со веќе изградена зона лесна и незагадувачка индустрија.
4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.