Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11, 123/12 , 93/13 ), Градоначалникот на Општина Кочани, на ден 02.03.2015година, донесе

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена

1. За планскиот документ Изменување и дополнување на Детален урбанистички план за дел од блок 7 од ДУП за град Кочани дел од УЕ 10 зона лесна индустрија и мало стопанство, Општина Кочани кој се носи согласно законот за просторно и урбанистичко планирање не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животната средина.

2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Кочани www. Kocani.gov.mk.

3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, донесувањето на планскиот документ Изменување и дополнување на дел од блок 7 од Детален урбанистички план за дел од град Кочани зона лесна индустрија и мало стопанство, нема да има влијание врз животната средина од следните причини: се работи за измена на план на веќе постоечка урбана единица со веќе изградена зона на лесна и незгадувачка индустрија.

4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.