По повод Светскиот ден на водата, 22 март, ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани го одбележа денот со стручни излагања и презентации на теми поврзани со важноста на водата. Настанот беше одржан во просториите на Мултикултурниот центар.
Презентации беа подготвиле ученици од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани под менторство на Нада Ѕ’мбова Донева, наставник по биологија, а потоа следуваа излагања од Благој Наунов, одговорен електроинжинер, вработен во КЈП „Водовод“ во Фабриката за вода, Кристина Стојанова, претставник од Прочистителната станица во Мојанци, одговорен машински инженер и д-р Елена Тортевска Данилова, доктор специјалист по хигиена и здравствена екологија, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани.
Во рамките на денешниот ден, вечерва со почеток во 18:00 часот во просториите на ЈОУБ „Искра“ ќе се одржи трибина на тема „Влогот на библиотеките во агенда 2030“ – ЦОР Чиста вода и канализација.