Кочанските училишта СОУ „Љупчо Сантов“ и ОУ „Раде Кратовче“ денеска ги одебележаа патроните празници.

И двете училишта најпрвин со кратки, но убави програми го одбележаа денот во своите училишни дворови, каде учениците читаа рецитали пред бистите на хероите, а свој настап имаа и училишните хорови.

Делегации од Општина Кочани, Општинската организација при Сојузот на борците од НОВ, членови на семејството на Раде Кратовче и двете кочански училишта што ги носат имињата на Љупчо Сантов и Раде Кратовче, положија свежо цвеќе и им оддадоа почит на бистите пред двете училишта, а потоа и во Паркот на Револуцијата во Кочани.