Основното училиште во Оризари одбележа 141 година од раѓањето на својот патрон, првиот кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, македонскиот филолог и етнограф, Крсте Мисирков.

По тој повод делегации од училиштето и од Општина Кочани положија свежо цвеќе на бистата на патронот во школскиот двор.

Директорката на училиштето, Катерина Михајлоска истакна дека наскоро ќе биде пуштена во употреба новата спортска сала, чие осветлување веќе е поставено, а се чека на внатрешното уредување со реквизити.