Денот на Мрежата на Натура 2000 подрачја во Европа, денеска беше одбележан во туристичкиот Инфо-центар Пониква, во присуство на претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, градоначалникот на Општина Кочани, претставници од Фармахем, Македонското еколошко друштво и претставници од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Во рамки на настанот беше промовирано видео, беше отворена изложба на фотографии со тематика од Осоговските Планини и беше организирана посета на локалитетот „Панаѓур“.