Во пресрет на 20 мај, денот на македонските пожарникари, Територијалната противпожарна единица од Кочани изведе тактичко-показна вежба.

Тактичко-показната вежба опфаќаше симулација на запален оган во затворен простор, евакуација на повредени лица и предавање на лицата од Црвен Крст – Кочани за понатамошно укажување прва помош и пристапување кон локализирање и гасење на пожарот.

Тактичко-показната вежба беше изведена во дел од објектите на компанијата „Амфенол технолоџи Македонија“ и истата на крајот беше оценета како успешна.