Oдборот за доделување награди на Општина Кочани одржа седница на која неговите членови дадоа зелено светло за објавување на јавниот повик за доставување предлози за највисоките општински награди – за значајни остварувања за развојот на општината и за животно дело.
– Иако мандатот на Одборот, истекува на 22 мај, процедурата може да започне со објавување на повикот за доставување предлози. Натамошниот тек на активностите ќе се прилагодува според препораките што ќе се однесуваат на работата на единиците на локалната самоуправа – рече Илинка Атанасова, претседателка на Одборот за доделување награди.
Одборот за доделуваање награди е составен од членови на Советот, но и надворешни претставници коишто одлучуваат за добитниците на наградите на општината, кои од 2010 година се доделуваат на 12 јули – Петровден, Празникот на Кочани.