Наградата може да ја добие евидентиран земјоделски производител кој има остварено натпросечни приноси на одредена земјоделска култура.
Право да предлагаат кандидати за награда за најуспешен земјоделец на Општина Кочани имаат:
– земјоделци од Општина Кочани (може и самопредлагање);
– урбаните и месните заедници;
– надлежните органи од областа на земјоделието ПЕ за земјоделие – Кочани;
– Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Кочани;
– научни установи од областа на земјоделството;
– Асоцијација на земјоделците на општина Кочани;
– трговски друштва чија дејност е од областа на земјоделството;
– членови на Советот на Општина Кочани.
Наградата е парична.
Предлозите треба да бидат образложени и доставени во писмена форма до Општина Кочани на адреса: ул.„Раде Кратовче“ бр.1 или во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани. Објавата трае заклучно до 28 септември 2015 година.