Врз основа на Правилникот за услови иначин за продажба и давање на користање ствари во сопственост на Општина Кочани(Службен гласник бр.13/09 ) и Одлуката за спроведување на постапка за издавање под закуп на деловни простории со надоместок по пат на јавно наддавање , комисијата за спроведување постапка за давање под закуп ствари во сопственост на Општина Кочани – корисник ОУ,,Никола Карев ‘‘- Кочани објавува
Јавен оглас за издавање под закуп на деловни простории со надоместок
1.Се издава деловен простор во сопственост на Општина Кочани корисник ОУ,,Никола Карев ‘‘- Кочани за период од 01.09.2015 год. до 15.06.2016 год.

ИЛ бр.4452 за КО Кочани , површина 72 м2

2.Почетна цена на наддавањето изнесува од 8000,00 ден. и прв чекор на зголемување 500,00 денари

Постигнатата највисока цена ќе биде месечна закупнина што ќе ја плаќа закупопримачот .

3. Право на учество имаат сите домашни и странски физички и правни лица кои заедно со комплетната и навремено доставена документација ќе достават и доказ за личната состојба – способност за вршење професионална дејност и доказ за уплатен депозит во висина од 10% од вкупната почетна закупнина во износ од 7200,00. Документацијата може да се достави и ппо пошта на адреса уч.Никола Карев бр.17 – Кочани. Рок на уплата на депозитот најдоцна 24 часа пред отварањето на понудите. Депозитот се уплаќа во благајната на ОУ„Никола Карев“-Кочани секој работен ден сметано од денот на објавување на огласот.

Документацијата може да се подигне во архивата на училиштето секој работен ден , со уплатениот депозит и комплетна да се достави по пошта или директно во архива .Рок на доставување на понудите 22.09.2015 до 09:00 часот.

Јавното наддавање ќе се одржи 22.09.2015 година во 12 часот.

Договорот ќе се склучи во рок од 8 дена по известувањето на најповолен понудувач .

Просторијата која е предмет за издавање може да се види секој работен ден .

Огласот трае пет дена .

Контакт телефон 033-274-216

Претседател на комисија

Билјана Пулковска