Во рамките на пролетната акција за озеленување на јавните површини во Кочани, деновиве се засадени нови 1.000 садници – нискостеблести растенија и грмушки.

Озеленувањето е реализирано на улиците „Тодосија Паунов“, на потегот од Автобуската станица до „Жито ориз“ и на „Стево Теодосиевски“ од Двојниот мост до Стришани. Наредниов период, според временските услови, хортикултурно ќе се уредуваат и други локации, а ќе се врши обновување на оштетените и исушените насади.

Комуналните инспекциски служби од Општина Кочани апелираат за совесно и одговорно однесување кон новите садници, дрвјата и воопшто кон зелените површини.