На 4 декември, со почеток во 10 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 39 редовна седница. Според предложениот дневен ред, се очекува советниците да расправаат по триесетина точки, од кои најголем дел се програми за работа на Општина Кочани и финансиски планови на неколку институции. На оваа седница ќе се расправа и по Нацрт-буџетот на Општина Кочани за 2016 година.
Во вторник, на 1 декември ќе заседаваат комисиите.
Комисијата за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата ќе започне со работа од 9 ч. Комисијата за финансии и буџет и локален економски развој ќе заседава од 10 ч., од 11.30 ч. ќе работи Комисијата за култура, образование и спорт и права на децата, од 12.30 ч. – Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Комисјата за здравство и социјална заштита ќе започне со работа од 13 ч., а половина час подоцна е закажана работата на Комисијата за земјоделство.