Вечерва, 31 јануари, во 19 ч. во ресторанот „Але-дар“ во Кочани на манифестацијата „Избор на спортист“ ќе бидат доделени наградите на најуспешните во спортот во Кочани за 2018 година.
Според одлуката на новинарите, годинава за најуспешен спортист е избран Тошо Антов од Планинарскиот спортски клуб „Осогово“. За најуспешен млад надежен спортист е прогласена Јована Давиткова – државен првак во шах во категоријата девојчиња до 10 години; за најуспешен тренер – Николче Колев, за најуспешен спортски работник – Благојчо Каров и двајцата од Клубот за гимнастички спортови „Кочани“ и за спортска екипа во 2018 е избран Кошаркарскиот клуб „Баскет Дино“.