В петок, 30 септември 2022 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 18. редовна седница со следниот предлог-дневен ред:

  1. Извештаи за работењето на општинските средни училишта за учебната 2021/2022 година
  2. Годишни програми за работа на општинските средни училишта за учебната 2022/2023 година
  3. Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2023 година
  4. Годишен план за вработување на ООМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2023 година
  5. Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023 година
  6. Извештај за работењето на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2021/2022 година
  7. Предлог-програма за работа на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2022/2023 година
  8. Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода
  9. Предлог-одлука за давање на времено користење на делови од недвижна ствар без надоместок на Министерството за одбрана – Одделение за одбрана Кочани
  10. Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс)
  11. Полугодишна информација за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на ОВР – Кочани за првото полугодие од 2022 година
  12. Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салите во градот Кочани дадени на користење и управување на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани и ОУ „Никола Карев“ – Кочани
  13. Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салaтa во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
  14. Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салaтa во ОУ „Малина Попиванова“ – Кочани
  15. Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на СОУ „Гошо Викентиев – Кочани од основачот
  16. Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишен одбор на OОУ „Никола Карев“ – Кочани
  17. Иницијатива за изработка на Физибилити студија за основање јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија
  18. Иницијатива за развој и примена на системско и одржливо решение за обезбедување храна за лицата кои живеат во сиромаштија како и достава на храна до тешко подвижни лица.