В четврток, на 3 мај, со почеток во 9 часот во салата на Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 10 редовна седница со следниот предлог-дневен ред:

1. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за I квартал од 2018 година;

2. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2017 година;

3. Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Источниот плански регион за 2017 година;

4. Плугодишен извештај за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на Полициската станица од општа надлежност – Кочани во второто полугодие од 2017 година;

5. Информација за работата на НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани за 2017 година и Програмата за работа во 2018 година;

6. Информација во врска со одржувањето на ДАФ во Кочани – 2018 година;

7. Информација за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча на подрачјето на општина Кочани;

8. Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2018 година од системот за водоснабдување на град Кочани;

9. Годишен план за вработување во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2019 година;

10. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани; 11. Предлог-одлука за разработка и спроведување на проектот „Инфраструктура за адаптација и одржливост на ефектите од климатските промени во прекуграничниот регион“;

12. Предлог-одлука за разработка и спроведување на проектот „Еднакви во културните разлики II“;

13. Предлог-одлука за давање согласност и право на користење на недвижен имот за целите на проектот „Учи и дејствувај зелено за зелена иднина“;

14. Предлог-одлука за давање согласност и право на користење на недвижен имот за целите на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“;

15. Предлог-одлука за одобрување финансиски средства за реализација на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“;

16. Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог мерки за нивно разрешување;

17. Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица – Кочани во 2017 година;

18. Предлог-програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2018 година;

19. Предлог-одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од плански опфат за КП бр.74/1 КО Оризари;

20. Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани за 2018 година;

21. Предлог-план за дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за периодот од 2018 – 2020 година;

22. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2018 година;

23. Предлог-листа за изменување на Листата за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти на подрачјето на Општина Кочани;

24. Правилник за уредување на поблиските услови и начинот на одобрување на финансиска помош за обезбедување социјални пакети со храна и средства за хигиена за социјално загрозени граѓани жители на Општина Кочани;

25. Правилник за уредување на поблиските услови и начинот на одобрување на финансиска помош за болничко лекување за одредени категории на осигурени лица;

26. Предлог-решение за формирање Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Кочани.