Во вторник, на 3 мај 2022 година, со почеток во 17 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи единаесеттата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2022 година
  2. Програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2022 година
  3. Програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
  4. План за изменување на Планот за програми за развој, 2022 – 2024 година
  5. Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс).

Единаесеттата седница ќе се одржи во Салата на Советот на Општина Кочани (Венчална сала).