Во вторник, на 3 мај 2022 година, со почеток во 17 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи единаесеттата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:
- Програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2022 година
- Програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- План за изменување на Планот за програми за развој, 2022 – 2024 година
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс).
Единаесеттата седница ќе се одржи во Салата на Советот на Општина Кочани (Венчална сала).