В сабота, 29 октомври 2022 година, со почеток во 11 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 19. редовна седница.

Предлог-дневниот ред ги содржи следниве точки:

  1. Давање согласност на Одлуката за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода
  2. Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на КЈП „Водовод“ – Кочани
  3. Одлука за основање на подружница на КЈП „Водовод“ – Кочани
  4. Годишен план за вработување во КЈП „Водовод“ – Кочани за 2023 година
  5. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани во период од 01.01.2022 до 30.09.2022 година
  6. Предлог-програма за изменување на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
  7. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за јавно осветлување во Општина Кочани за 2022 година
  8. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2022 година
  9. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2022 година
  10. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
  11. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани за 2022 година
  12. Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
  13. Предлог-план за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2022 – 2024 година
  14. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за сопствено учество – кофинансирање  на проектот „Опремување на Мултикултурниот центар“
  15. Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс)
  16. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за III квартал од 2022 година
  17. Предлог-одлука за давање на стопанисување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Кочани
  18. Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салaтa во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
  19. Предлог-решение за разрешување и за именување член на Училишниот одбор на OОУ „Никола Карев“ – Кочани.