В сабота, 29 октомври 2022 година, со почеток во 11 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 19. редовна седница.
Предлог-дневниот ред ги содржи следниве точки:
- Давање согласност на Одлуката за промена – зголемување на цената на метар кубен геотермална вода
- Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Одлука за основање на подружница на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Годишен план за вработување во КЈП „Водовод“ – Кочани за 2023 година
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани во период од 01.01.2022 до 30.09.2022 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за јавно осветлување во Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2022 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Предлог-план за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2022 – 2024 година
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Опремување на Мултикултурниот центар“
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс)
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за III квартал од 2022 година
- Предлог-одлука за давање на стопанисување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Кочани
- Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салaтa во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
- Предлог-решение за разрешување и за именување член на Училишниот одбор на OОУ „Никола Карев“ – Кочани.