На 28 мај 2021 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 57. редовна седница. На предложениот дневен ред се наоѓаат 30 точки:

  1. Информација за работењето на општинската организација на Црвен крст – Кочани за 2020 година и Програма за работа за 2021 година                   
  2. Информација за состојбата со боровиот четник на подрачјето на општина Кочани
  3. Информација за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани
  4. Предлог-спогодба за раскинување на Договор за закуп, склучен помегу: Општина Кочани и Трговец поединец за извршување сметководствени работи „Гала консалтинг“ Лиљана Доне Атанасова ТП Кочани
  5. Годишен план за вработување на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2022 година
  6. Барање согласност од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за поголем број деца во воспитна група до двегодишна возраст
  7. Предлог-одлука за давање согласност за примање донација од Ротари клуб Кочани-Виница
  8. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за спорт на Општина Кочани за 2021 година
  9. Предлог-одлука за изведување на скулптурата „Вилино коњче“
  10. Предлог-одлука за вршење техничка исправка на Деталниот урбанистички план за ГП А105.3, односно КП 16403/2, ГП Г 4.5, односно КП 16053/30 и ГП Г4.6, односно КП 16053/31, КО Кочани од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани, (Донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998година)
  11. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година
  12. Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  13. Предлог-програма за изменување на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република  Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  14. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година
  15. Предлог-програма за изменување на Програмата за јавно осветлување во Општина Кочани за 2021 година
  16. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани за 2021 година
  17. Предлог-план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021 – 2023
  18. Предлог-план за изменување на Планот за вработување на Општина Кочани за 2021 година
  19. Предлог-план за вработување на Општина Кочани за 2022 година
  20. Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  21. Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година (ребаланс)
  22. Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани за 2021 година
  23. Предлог-решение за изменување на Решението за именување членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Кочани
  24. Предлог-решение за разрешување и именување член на Комисијата за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата
  25. Предлог-решение за разрешување и именување член на Комисијата за култура, образование и спорт и права на децата
  26. Предлог-решение за разрешување и именување член на Училишниот одбор на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
  27. Предлог-одлука за изменување на Одлуката за формирање Комисија за утврдување предлози за изменување на грбот и знамето на Општина Кочани
  28. Информација за состојбата со дивоградбите во општина Кочани за период од 01.01.2011година до 31.12.2020 година
  29. Предлог-заклучок за определување висина на финансиски средства за финансирање на Драмски аматерски фестивал (ДАФ) – Кочани во 2022 година
  30. Информација за состојбата со коронавирусот Ковид-19 на подрачјето на Општина Кочани.