На 27 август 2021 година, со почеток во 8 часот, во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 62. редовна седница.

На предлог-дневниот ред се наоѓаат осум точки:

  1. Извештаи за работењето на општинските основни училишта за учебната 2020/21 година
  2. Годишни програми за работа на општинските основни училишта за учебната 2021/22 година
  3. Барања согласност за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни  училишта
  4. Барање согласност за згрижување поголем број деца, односно помал број деца во воспитните групи во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
  5. Информација за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на ОВР – Кочани за првото полугодие од 2021 година
  6. Годишен план за вработување во КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
  7. Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2022 година
  8. Предлог-заклучок во врска со изградбата на мала хидроцентрала на Мала Река.

Седницата на Советот ќе се одржи со почитување на актуелните мерки и препораки за заштита од Ковид-19.