На 27 август 2021 година, со почеток во 8 часот, во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 62. редовна седница.
На предлог-дневниот ред се наоѓаат осум точки:
- Извештаи за работењето на општинските основни училишта за учебната 2020/21 година
- Годишни програми за работа на општинските основни училишта за учебната 2021/22 година
- Барања согласност за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни училишта
- Барање согласност за згрижување поголем број деца, односно помал број деца во воспитните групи во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Информација за состојбите и условите во кои се одвиваше работата на ОВР – Кочани за првото полугодие од 2021 година
- Годишен план за вработување во КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
- Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2022 година
- Предлог-заклучок во врска со изградбата на мала хидроцентрала на Мала Река.
Седницата на Советот ќе се одржи со почитување на актуелните мерки и препораки за заштита од Ковид-19.