В понеделник, 26 декември, со почеток во 12 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 23. седница.

На предлог-дневниот ред се 39 точки, а на крајот на седницата градоначалникот Љупчо Папазов ќе има годишно обраќање.

  1. Критериуми за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта за 2023 година
  2. Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2023 година
  3. Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023 година
  4. Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2023 година
  5. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  6. Предлог-програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2023 година
  7. Предлог-програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  8. Предлог-програма за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2023 година
  9. Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за периодот 2023 – 2025
  10. Предлог-програма за комуникација на Општина Кочани за 2023 година
  11. Предлог-локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 година
  12. Предлог-програма за спорт на Општина Кочани за 2023 година
  13. Предлог-програма за поддршка на образованието на Општина Кочани за 2023 година
  14. Предлог-програма за млади на Општина Кочани за 2023 година
  15. Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2023 година
  16. Предлог-програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  17. Предлог-програма за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2023 година
  18. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2023 година
  19. Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  20. Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за 2023 година
  21. Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на општина Кочани во 2023 година, набавка, поставување и одржување на урбана пограма, одржување на детски игралишта и одржување на фонтана „Зрно“ за 2023 година
  22. Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Кочани во 2023 година
  23. Предлог-програма за тековно одржување на јавното осветлување во општина Кочани за 2023 година
  24. Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2023 година
  25. Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
  26. Предлог-програма за информатичка и комуникациска технологија на Општина Кочани за 2023 година
  27. Предлог-програма за работа на Територијалната противпожарна единица во општина Кочани за 2023 година
  28. Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2023 година
  29. Предлог-програма за одржување на сливните решетки за атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2023 годинa
  30. Предлог-програма за одржување на локалните патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2022/2023 година
  31. Предлог-програма за сообраќај на Општина Кочани за 2023 година
  32. Предлог-програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2023 година
  33. Давање согласност на Ценовник за добивање лиценца за отстранување на оштетени возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта за територијата на општина Кочани, поднесен од „Прцана шлеп“ ДООЕЛ Кочани
  34. Предлог-одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари – персонални компјутери, сопственост на Општина Кочани
  35. Предлог-буџет на Општина Кочани за 2023 година
  36. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2023 година
  37. Предлог-одлука за висината на девизен и денарски благајнички максимум за 2023 година
  38. Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2023 година
  39. Годишен извештај за користење на средствата од резервите во Буџетот на Општина Кочани за 2022 година

Обраќање на градоначалникот.