В понеделник, 26 декември, со почеток во 12 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 23. седница.
На предлог-дневниот ред се 39 точки, а на крајот на седницата градоначалникот Љупчо Папазов ќе има годишно обраќање.
- Критериуми за распределба на блок-дотации на општинските основни и средни училишта за 2023 година
- Предлог-финансиски планови на општинските основни и средни училишта за 2023 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2023 година
- Предлог-финансиски план на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2023 година
- Предлог-план на програми за развој на општина Кочани за периодот 2023 – 2025
- Предлог-програма за комуникација на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2023 година
- Предлог-програма за спорт на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за поддршка на образованието на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за млади на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за култура на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за остварување на социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за јавна чистота на општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за уредување и одржување на градското зеленило на територијата на општина Кочани во 2023 година, набавка, поставување и одржување на урбана пограма, одржување на детски игралишта и одржување на фонтана „Зрно“ за 2023 година
- Предлог-програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Кочани во 2023 година
- Предлог-програма за тековно одржување на јавното осветлување во општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на заштитата на животната средина во 2023 година
- Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за информатичка и комуникациска технологија на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за работа на Територијалната противпожарна единица во општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2023 година
- Предлог-програма за одржување на сливните решетки за атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2023 годинa
- Предлог-програма за одржување на локалните патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 2022/2023 година
- Предлог-програма за сообраќај на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-програма за работа на Советот на Општина Кочани за 2023 година
- Давање согласност на Ценовник за добивање лиценца за отстранување на оштетени возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта за територијата на општина Кочани, поднесен од „Прцана шлеп“ ДООЕЛ Кочани
- Предлог-одлука за давање на трајно користење без надоместок на движни ствари – персонални компјутери, сопственост на Општина Кочани
- Предлог-буџет на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2023 година
- Предлог-одлука за висината на девизен и денарски благајнички максимум за 2023 година
- Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2023 година
- Годишен извештај за користење на средствата од резервите во Буџетот на Општина Кочани за 2022 година
Обраќање на градоначалникот.