На 22 април 2024 година, со почеток во 12 ч., во салата во Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 45. редовна седница.
На предлог-дневниот ред се наоѓаат шест точки:
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за I квартал од 2024 година
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година
- Предлог-одлука за донесување Детален урбанистички план за Градска четврт 6 од ГУП за град Кочани, Општина Кочани
- Предлог-одлука за вршење техничка исправка на Детален урбанистички план за ГП А56.15, односно КП 12906 и ГП А56.16, односно КП 12906, КО Кочани, од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани, (донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 г.)
- Предлог-одлука за техничка исправка на урбанистички план на нумерички податоци за ГП Б37б.17, (КП 14436 и КП 16816/2, КО Кочани) од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани, (донесен со Одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 г.)
- Информација за состојбата на Градската депонија во Кочани.