В четврток, на 16 јуни со почеток во 19.30 ч. во Салонот на кат во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе биде промовирана монографијата „Есма“, посветена на Есма Реџепова Теодосиевска и на нејзиниот животен сопатник и музички соработник Стево Теодосиевски.

Автор на ова дело е истакнатиот публицист Славе Николовски-Катин, издавачи се „Македонска искра“ и асоцијацијата „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ од Скопје, со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Монографијата ќе ја промовира Кристина Атанасова Арсова, директорка на Центарот за култура.