По повод големиот православен празник Вознесение Христово, градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски го посети манастирот „Свети Спас“ во најпространото планинско село во Кочани, Полаки.

При средбата, тој размени мислења со мештаните за реализирано и за потребните инфраструктурни зафати.

– Сметам дека Општина во изминатиов период направи многу за заживување на најпасивните краишта на Осоговијата. Меѓу реализираните, секако, капитален е проектот за изградба на браната на Оризарска Река, „Речани“, со која сакаме да обезбедиме квалитетно и поевтино водоснабдување на микрорегионот: Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци.

Поставивме асфалти на патните правци: Пантелеј – Рајчани – Турско Рударе, од селото Бели до манастирот „Св. Илија“, го реконструиравме патот во селото Бели; асфалтиравме од браната Гратче до Водопадите кон Јастребник; го асфалтиравме патот Оризари – Врговци, асфалтираме улица во Нивичани – сè со цел жителите да имаат обезбедена поквалитетна сообраќајна комуникација. Исто така континуирано работиме на поправка и прочистување на патиштата во ридско-планинскиот дел на Општината: Полаки, Крушка, Јастребник, Пресека, Главовица – рече Димитровски.

Градоначалникот потсети дека за надминување на патните пречки во Полаки во 2013 година се изгради мост на Голема Река, а со одлука на Советот на Општина Кочани, жителите на 13 планински села се ослободени од комуналната такса за јавно осветлување.

Димитровски нагласи дека продолжуваат заложбите за поддршка на развојот на руралните краеви во Кочанско