В четврток, на 15 август 2019 година, со почеток во 8 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 28. редовна седница со следниот предлог-дневен ред:

1. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 1 јануари 2019 до 30 јуни 2019 година, со финансиски показатели

2. Давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни и средни училишта од општина Кочани за учебната 2019/20 година

3. Предлог-одлука за утврдување на работното време на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани

4. Барање согласност за згрижување поголем број деца во воспитните групи од бројот на деца утврден со Законот, во воспитната 2019/2020 година од ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани

5. Предлог-програма за изменување на Програмата за култура на Општина Кочани за 2019 година

6. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2019 година

7. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Изградба на локален пат од м.в. Крушка – с. Полаки (втора фаза)“

8. План за изменување и дополнување на Годишниот шплан за јавни набавки на Општина Кочани за 2019 година

9. Предлог-план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2019/22 година

10. Предлог-одлука за доделување парични награди на „Петровденскиот турнир во мал фудбал – 2019“

11. Изменување и дополнување на Локалнот акциски план за еднакви можности на жените и мажите за 2019 година

12. Предлог-решение за именување членови на Органот за надзор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани.