В понеделник, на 14 март 2022 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи осмата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Разгледување на завршните сметки на општинските основни училишта за 2021 година
  2. Разгледување на завршните сметки на општинските средни училишта за 2021 година
  3. Завршна сметка на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2021 година
  4. Завршна сметка на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2021 година
  5. Годишен план за вработување во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2023 година
  6. Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  7. Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  8. Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година
  9. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
  10. Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2021 година
  11. Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2022 година
  12. Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на речно корито на Кочанска Река за 2021 година
  13. Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот Изградба на препумпна станица за дел од системот „Висока зона на притисок на град Кочани“
  14. Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2022 година
  15. Предлог-одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва во Буџетот на Општина Кочани за 2022 година
  16. Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
  17. Годишен извештај на Општина Кочани за 2021 година
  18. Буџетски календар за 2022 година.