В понеделник, на 14 март 2022 година, со почеток во 9 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи осмата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:
- Разгледување на завршните сметки на општинските основни училишта за 2021 година
- Разгледување на завршните сметки на општинските средни училишта за 2021 година
- Завршна сметка на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2021 година
- Завршна сметка на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2021 година
- Годишен план за вработување во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2023 година
- Извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2021 година
- Извештај за реализација на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2021 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за јавно осветлување во општина Кочани за 2022 година
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на речно корито на Кочанска Река за 2021 година
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот Изградба на препумпна станица за дел од системот „Висока зона на притисок на град Кочани“
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2022 година
- Предлог-одлука за користење финансиски средства од постојаната резерва во Буџетот на Општина Кочани за 2022 година
- Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година
- Годишен извештај на Општина Кочани за 2021 година
- Буџетски календар за 2022 година.