Во функција на транспарентното и отчетно работење е информирањето на граѓаните за финансиската состојба на Општина Кочани и за тековните и претстојните проекти во кои се вложени буџетски средства.
Состојбата на сметки на 05.11.2021 година е следнава:
- сметка: 736014044463010 = 8.000.758,00 денари
- сметка: 7360140444785Г0 = 1.170.000,00 денари
- сметка: 736014044478983 = 1.955.440,00 денари
- сметка: 7360140444789А7 = 16.000.000,00 денари
- сметка: 736014044493012 = 32.948.611,00 денари
- сметка: 7360140444789В1 = 1.602.054,00 денари
- сметка: 7360140444785О6 = 300.000,00 денари
- сметка: 736014044478964 = 550.800,00 денари
- сметка: 736014044478983 = 306.055,00 денари
- сметка: 736014044478964 = 143.850,00 денари
- сметка: 736014044478907 = 25.615,00 денари
- сметка: 736014044478979 = 36.486,00 денари
Вкупното салдо на сите сметки на Општина Кочани на 05.11.2021 година изнесува 63.039.669,00 денари.
Реализацијата на Буџетот заклучно со 05.11.2021 година е 223.994.746,00 денари.
Новото раководство добива започнати 20-ина проекти со избран изведувач, тековни работи или со обезбедени средства за реализација. Подготвена е и проектна документација за уште 10-ина други проекти.
Во продолжение ги наведуваме проектите во фаза на реализација односно проекти кои се со одобрение и избран изведувач:
- Реконструкција на преминот преку железничката пруга кај зградата на Основниот суд – Кочани и на Ветеринарната станица; (ЈП Железничка инфраструктура, обезбедени средства од Владата)
- Асфалтирање на улицата „Христијан Карпош“ во с. Оризари и улица во Грдовци (избран изведувач);
- Реконструкција на ул. „Роза Петрова“ со изградба на тротоар од едната страна (започната изведба);
- Реконструкција на улицата „Раде Кратовче“ (започната изведба и обезбедени средства од Министерството за транспорт и врски)
- Реконструкција на улицата „Гошо Викентиев“ (реконструирана канализациска и атмосферска мрежа и обезбедени средства од МТВ)
- „Планински велосипедски рај“ – изградба на планинарски дом и на велосипедски патеки (реализација во завршна фаза, средствата се обезбедени од Владата)
- Донација од UNDP – 24.000 швајцарски франци за ТППЕ – Кочани (за набавка на возило и друга опрема)
- Изградба на кружен тек кај печатницата „Генекс“ (во тек на реализација)
- Изградба и реконструкција на крак на улицата „Роза Петрова“ со паркинг на Калиманова Глава (во фаза на реализација)
- Изградба и реконструкција на улицата „Иван Иванов Балашо“ со изградба на паркинг кај Недопирливи (во фаза на реализација)
- Реконструкција на Градскиот парк со изградба на фонтана и јавно осветлување (во фаза на реализација)
- Изградба на разделно зеленило од кружниот тек кај Автобуската станица до кружниот тек кај Бензинската пумпа на „Лукоил“ (во фаза на реализација)
- Изградба на булевар на „Стево Теодосиевски“ (поранешна „Ленинова“) со два кружни тека (во фаза на реализација)
- Осветлување на „Станбена улица 1“ и на булеварот „Стево Теодосиевски“ (во фаза на реализација)
- Реконструкција на канализациската мрежа во селото Тркање (1 650 м) и поврзување на Пречистителната станица за отпадни води од 2 000 м (избран изведувач и обезбедени средства од Швејцарската агенција)
- Изградба на колектор за поврзување на Оризари со Пречистителна станица за отпадни води и канализирање на Кочански Дол (избран изведувач и обезбедени средства од Швајцарската агенција)
- Регулација на Кочанска Река од месноста Бавчалук до мостот кај Зебец; (во тек на реализација и обезбедени финансиски средства)
- Обезбедени средства за изградба на потисен цевковод од 2250 м
- Изградба на бараки за дислокација на социјално ранливите семејства од Старата касарна (избран изведувач и обезбедни 16.000.000 денари на наменска сметка)
- Обезбедени 3.000.000 денари за изградба на локален пат од м.в. Крушка-м.в. Ајдар (втор дел)
- Обезбедени 1.700.000 денари и во тек е избор на изведувач за систем за греење и ладење во Мултикултурниот центар
- Оградување на игралиште во с. Грдовци (избран изведувач и започнати работи)
- Изградба на подземни контејнери на 5 локации во централно подрачје на Кочани.
Вкупната вредност на сите овие проекти е повеќе од 300.000.000,00 денари, односно 5 милиони евра.
Подготвена е техничка документација за следните проекти:
- Основен проект за реконструкција на Спомен-домот „АСНОМ“;
- Основен проект за пешачки мост на Кочанска Река со одобрени средства за реализација;
- Проекти за изградба и реконструкција на повеќе од 20 улици во градот и населените места;
- Проект за кружен тек на крстосницата на улицата „Димитар Влахов“ и „Павлина Велјанова“ (кај Маркос);
- Проектна документација за брана на Арамиска Чешма.
- Ревидиран проект за изградба на Старечки дом.