На Самитот на тема „Инспиративна иднина“, чија цел е зголемување на видливоста и профилот на Националната платформа и придобивките што таа ги обезбедува за засегнатите страни и за женското претприемништво, беа доделени и наградите за најуспешни претприемачки за 2022 година.
Наградата за жена претприемач во категоријата микро компании ја доби Даниела Јосевски од Кочани, сопственичка и управителка на книговодственото биро „Јосевски консалтинг“ и дел од менаџерскиот тим на платформата за огласување „Маркетплус.мк“, која според податоците од Централен регистар исполнила најмногу од зададените критериуми за изборот.
На Самитот се споделувааат најдобри практики и идеи за промоција, развој и поддршка на женското претприемништво.
Општина Кочани како потписник на декларацијата за соработка со Националната платформа за женско претприемништво во наредната година ќе ги проширува мерките и активностите преку овој проект којшто е кофинансиран од Европската Унија.