Денеска во општинската сала беше остварена средба помеѓу градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и младиот успешен фудбалер, Јован Манев од Кочани.

Јован Манев кој е познат не само во Кочани и државата, туку и надвор од границите на земјата, почетоците во фудбалот ги започнува во ФК Кочани. Многубројни се неговите успеси и како дел од ФК Брегалница и ФК Осогово. Toj ја носи титулата на капитен на Македонската фудбалска репрезентација до 21 година.

Во моментот Манев ги продолжува своите успеси како дел од Адана Демирспор – Турција.

На денешната средба Манев му подари фудбалски дрес на градоначалникот од клубот за кој настапува. Беа разговарани досегашните успеси, како и сите идни фудбалски активности предвидени за периодот кој следува.